Жесток удар за Ливерпул

Од:

Голманот на Ливерпул и бразилскиот репрезентативец Алисон Бекер ќе биде надвор од терените најмалку шест недели поради повреда на тетивата.

Алисон се повреди пред четири дена на натпреварот од седмото коло од Премиер лигата против Кристал Палас (1:0).

Бразилскиот голман мораше да биде заменет во 79. минута поради повреда.

Алисон (32) е член на Ливерпул од 2018 година, а оваа сезона бранеше на осум натпревари за англискиот клуб.

Тој ќе пропушти седум од натпреварите на Ливерпул во сите натпреварувања и треба да се врати на терените на 24 ноември против Саутемптон во Премиер лигата.

Во меѓувреме нема да игра против Челзи, Лајпциг, Арсенал, Брајтон, Баер Леверкузен и Астон Вила.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“