Жером Шампањ против кандидат на Блатер за претседател на ФИФА

Од:

Французинот Жером Шампањ се кандидира за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Поранешниот дипломат, 56-годишниот Шампањ работеше 11 години во Извршниот комитет на ФИФА се до 2010 година кога ја напушто Светската фудбалска федерација.

– До претседателот на Изборната комисија на ФИФА, Доменик Скали, ја испратив својата потврда со намера да се кандидирам за претседател, изјави Шампањ.

Французинот Шампањ ќе биде единствениот против кандидат на изборот за прв човек на ФИФА на актуелниот претседател Сеп Блатер, кој неодамна потврди дека одново ќе се кандидира за својот пети мандат.

Изборот на претседател на ФИФА ќе се одржи во јуни следната 2015 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи