Женскиот пехар на „Ролан Гарос“ со грешка во гравирањето уште од 1976 година

Од:

Трофејот „Сузан Ленглен“ кој се доделува на победничката на Грен слемот „Ролан Гарос“ има грешка во гравирањето од 1976 година.

Во саботата во женското финале во Париз, Ешли Барти ја победи Маркета Вондрушова од Чешка и го освои „Ролан Гарос“ за прв пат во својата кариера. Таа, исто така, стана првата австралиската тенисерка која го освои пехарот по Маргарет Корт која триумфира далечната 1973.

„Тајмс“ објави дека Барти открила грешка на трофејот.

Има грешка во гравирањето и таа ќе се поправи, потврдија организаторите на турнирот.

Се покажало дека британската победничка од 1976 година Сју Баркер е наведена како австралиска при гравирањето.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ