Женската ракометна репрезентација одработува подготовки за Мундијалските квалификации

Од:

Женската ракометна репрезентација во рамките на „неделата на ЕХФ“ ги почна подготовките за квалификациите за Светското првенство во Германија 2017 година.

Селекторот Симе Симовски покрај тренинзите кои почнаа во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе има можност да ја провери формата на ракометарките и низ двата пријателски натпревара со Црна Гора, како и еден контролен дуел со младинската селекција на Македонија.

Од повиканите ракометарки денеска со тренинзи треба да почне Ивана Гакидова, која настапува во Норвешка и поради лошите сообраќајни врски подоцна се приклучува, додека Сара Ристовска се жали на повреда и по лекарските прегледи ќе се знае тежината на нејзината повреда.

Македонија за пласман на Светското во Германија ќе игра квалификации кои ќе се одржат на Фарски Острови. Покрај домаќинот во групата се уште селекциите на: Австрија и на Исланд, а двете првопласирани селекции ќе играат во баражот против репрезентација која во декември годинава ќе настапува на Европското првенство.

Натпреварите од квалификационата група ќе се играат од 2-4 декември оваа година.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска