Женската ракометна репрезентација ги почна подготовките за дуелите со Црна Гора и Хрватска

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за последните два дуела од квалификациите за Европското првенство 2016 година. Селекторот на Македонија Симе Симевски тренинзите до првиот дуел со Црна Гора (2.јуни) ќе ги одржува во СРЦ „Кале“ каде Македонија и ќе го игра овој дуел.

Репрезентацијата е ослабена и на овој собир ги нема: Зорица Десподовска, Габриела Величковска и Ангела Тодоровска. Повреда има Сара Ристовска, но би требало да е фит за натпреварите. Денешниот прв тренинг (утрински) го пропушти и Елена Ѓорѓиевска, која вчера имаше натпревар за својата екипа Фехервар од унгарската лига.

Македонија е последна во групата без шанси за подобар пласман особено што ривалите во групата се квалитетните состави на Црна Гора, Хрватска и Словенија.

Македонија најпрвин на 2.јуни ја пречекува Црна Гора, а потоа на 5.јуни ќе гостува кај Хрватска во Риека.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска