Македонската женска младинска ракометна репрезентација денеска и утре ќе одигра два контролни натпревара со соодветната селекција на Србија во рамките на подготовките за Европското првенство (за ракометарки до 19 години).
Првиот дуел е попладнево во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почетокот во 17:30 часот, а втората средба е утре на истото место со почеток во 19:30 часот.
Македонија на двата контролни дуела со Бугарија одиграни во Габрово оствари две победи 19:18 и 21:19.
На Европското првенство Македонија е во група со Литванија, Германија и Русија. Натпреварите од 23 јули до 2 август ќе се играат во Валенсија.