Жељко Обрадовиќ понуди оставка во Партизан

Од:

Трофејниот српски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ одлучи да поднесе оставка, објавува „Моцарт Спорт“.

По серијата лоши резултати и изданија во Евролигата, најтрофејниот стручњак во Европа се одлучи за радикален потег.

Навивачите на Партизан беа со него од самиот почеток, а дури и сега се против неговото заминување од клубот, но тој одлучи да ја преземе одговорноста на овој начин.

Информациите се дека тој ја понуди својата оставка до раководството на клубот.

Секако, ова сепак не значи дека Обрадовиќ ќе ги напушти редовите на Партизан, бидејќи тој сепак има состанок со раководството на клубот, по што сè ќе биде многу појасно.

Сега сè зависи од претседателот Остоја Мијаиловиќ и од Управниот одбор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крвава војна на кланови: изрешетан навивач на Партизан, цел би човекот кој прежвеа 10 атентати

Катерина Ѓуровски

Обрадовиќ: „Ја преземам одговорноста – стојам зад одлуката за заминување“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Емотивно обраќање на Обрадовиќ: Партизан ќе живее и без мене

А1он

ВИДЕО: Тензии пред Арена – Навивачите на Партизан создадоа хаос и испратија јасни пораки

Клубот потврди: Обрадовиќ не е повеќе тренер на Партизан

Судбината на Обрадовиќ во Партизан останува непозната