Жељасков на чело на одбојкарската репрезентација на Македонија

Од:

Буграскиот тренер Николај Жељасков од денеска ја предови сениорската одбојкарска репрезентација на Македонија. Новиот селектор на оваа позиција доаѓа на местото на Александар Тасевски.

Жељасков досега како тренер има работено во екипи во Бугарија, Грција, Италија, а бил и селектор на младинските селекции на Бугарија. Како играч има играно во Бугарија, Грција, Бразил и Италија, а на ЛОИ во Атланта 1996 година бил прогласен за најдобар среден блокер на Игрите.

– Прифатив да работам со македонската репрезентација. Во стручниот шаб е мојот колега Георги Петров. Имаме доволно време за подготовки, а имав можност да погледам и неколку натпревари на Македонија одиграни минатата година. Потребно е да се направи добра атмосфера во тимот, истакна новиот македонски селектор на денешната прес конференција.

За нешто повеќе од три недели репрезентацијата ја очекуваат и квалификациите за Светското првенство, каде нашата селекција ќе настапи за првпат.

– Нема лесни ривали во квалификациите. Можеби Албанија е селекција со најслаб квалитет, но јас не потценувам никого. Натпреварите со Црна Гора и со Украина ќе бидат потешки, но ако ние функционираме како тим, само така имаме шанси за првото место во групата.

Македонија е домаќин на квалификациите, кои од 24 до 26 мај ќе се одиграат најверојатно во Скопје, во СРЦ „Кале“, но за тоа е потребно да се постигне договор со ракометниот клуб Вардар Про. Резервна варјанта е салата „Гемиџии“ во Велес.

Подготовките на репрезентацијата почнуваат денеска и ќе се одвиваат во Крушево, каде ќе се тренира до 12 мај, потоа се заминува за Босна и Херцеговина каде е закажан еден пријателски натпревар и потоа следуваат три контролни дуели со Хрватска.

Првопласираната селекција од квалификационата група ќе игра директно во третиот круг квалификации за СП, додека второпласираните селекции од шесте групи ќе играат меѓусебе за пласман во третата фаза од квалификациите.

На подготовките во Крушево ќе доцнат играчите од Вардар и од Струмица, кои ја играат финалната серија од плеј-офот, а поради клупски обврски (Катар) подоцна ќе се приклучи и Вук Карановиќ. Поради повреда до недела од обврските е ослободен Ѓоко Јосифов, која има двонеделна терапија.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба