Жалбата на Манчестер сити за забрана на настап во ЛШ може да биде одложена

Од:

Ситуацијата со жалбата на Манчестер сити за исклучување од европските натпреварувања останува неизвесна. Судот за арбитража за спорт (КАС) може да го одложи разгледувањето на случајот „Мачестер сити“ заради ситуацијата со коронавирусот.

Судот во Лозана планира да разгледа 16 случаи пред 18 мај, но жалбата на клубот од Манчестер сè уште не е на списокот. КАС веќе презакажа три случаи.

Манчестер сити соопшти дека сè уште нема добиено никакви извештаи од КАС за ефектот на коронавирусот врз процесот на жалба.

За потсетување, Манчестер сити во февруари, доби две години суспензија од европските натпреварувања поради кршење на правилата за финансиски ферплеј.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он

Манчестер Сити може да загуби 40 бодови

А1он

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он