Зенит и Ајакс во Лига Европа

Од:

Екипите на Зенит и на Ајакс по синоќа одиграните натпревари од 6.коло во шампионската лига, ги освоија третите места во своите групи и обезбедија учество во Лига Европа.

Ајакс го продолжи своето учество во еврокуповите и покрај поразот од Реал, благодарение на победата на Борусија Дортмунд над Манчестер Сити кој му беше директен конкурент на Ајакс за третата позиција.

Зенит во ЛЕ се пласира по победата на гостински терен против Милан и нерешениот резултат на Андерлехт со Малага.

Резултати од 6.коло во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц и Д и табели:

Група А: ПСЖ – Порто 2:1, Динамо Загреб – Динамо Киев 1:1.
Табела: ПСЖ 15 бодови, Порто 13, Динамо Киев 5, Динамо Загреб 1.

Група Б: Олимпијакос – Арсенал 2:1, Монпеље – Шалке 1:1.
Табела: Шалке 12 бодови, Арсенал 10, Олимпијакос 9, Монпеље 2.

Група Ц: Малага – Андерлехт 2:2, Милан – Зенит 0:1.
Табела: Малага 12 бодови, Милан 8, Зенит 7 и Андерлехт 5.

Група Д: Борусија Дортмунд – Манчестер Сити 1:0, Реал Мадрид – Ајакс 4:1.
Табела: Борусија Дортмунд 14 бодови, Реал Мадрид 11, Ајакс 4 и Манчестер Сити 3.

Пласман во осминафиналето од ЛШ обезбедија: Порто, ПСЖ, Шалке, Арсенал, Малага, Милан, Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Во ЛЕ ќе играат Ајакс, Зенит, Динамо Киев и Олимпијакос.

Денеска се играат натпреварите од 6.коло во групите Е, Ф, Г и Х.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он