Земјотрес го погоди Мексико

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер денеска го погоди југозападниот дел на Мексико.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 61 километар, на одалеченост од околу 16 километри од градот Арселија, во сојузната држава  Гереро, во западниот дел на земјата.

Земјотресот е почувствуван и во главниот град на Мексико, каде голем број од населението излегле на улиците.

Засега нема податоци за причинета материјална штета.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба