Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, верува дека Лионел Меси ќе има збогување какво што неодаман имаше тениската ѕвезда Роџер Федерер.
35-годишниот Меси неодамна постигна четири гола на пријателските натпревари против Хондурас и Јамајка како дел од подготовките на Аргентина за Светското првенство во Катар.
Скалони, минатата недела го продолжи договорот со Аргентина до 2026 година смета дека Меси го заслужува најдоброто можно збогување.
„Треба да ја искористите таа предност. Тоа е како со Федерер. Тој се пензионираше и што се случи? Сите се преплавени со емоции, сите велат “тој повеќе не е тука, нема да игра повеќе”. Истото ќе се случи и со Меси. Ајде да уживаме без разлика од која земја е. Одлично е да го гледам. Имам можност да му бидам тренер,но да сум навивач би платил карта да го гледам и да го купам неговиот дрес. Единствено што ни простанува е да уживаме. Не знам дали такво нешто ќе се повтори“, изјави Скалони.
Меси се уште не зборува за пензија, но на крајот од оваа сезона ќе стане слободен играч.
Тогаш ќе треба да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Прашање е дали ќе се врати во Барселона, ќе остане во Париз или ќе замине во Америка, каде има понуда од Интер Мајами.
Извор: Топспорт