Заврши „Спортско лето, спорт за сите“ во Зрновци

Од:

Во рамки на програмата за спорт, Општина Зрновци и летово по шести пат ја реализираше спортската манифестација „Спортско лето, спорт за сите“.

– Манифестацијата се одржа на новоизграденото повеќенаменско игралиште на влезот во населбата. Во изминатите десет дена секоја вечер се одржуваа по два натпревара во мал фудбал. Финалето се одржа синоќа, а победи екипата од Зрновци која го зема и победничкиот пехар, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.

Манифестацијата „Спортско лето, спорт за сите“ се организираше по повод празникот Илинден и празникот на општина Зрновци. Учествуваа 14 спортски екипи од општините Кочани, Зрновци, Виница, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Штип и Дојран. Од наредната година турнирот се планира да добие балкански карактер со учество на екипи од балканските земји.

Манифестацијата целосно е финансирана од буџетот на општина Зрновци.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“