Со одигрување на натпреварите од третата рунда во Ц и Д групата синоќа беше заокружена првата фаза од Европското првенство во ракомет за жени што се одржува во Шведска.
Резултати:
Црна Гора – Унгарија 14:21 и Данска – Чешка 33:29 (Ц група);
Романија – Хрватска 31:26 и Норвешка – Русија 23:2 (Д група).
Табела група Ц: Данска 6 бода, Чешка 2, Унгарија 2, Црна Гора 2.
Табела група Д: Норвешка 6 бода, Романија 4, Русија 2, Хрватска 0.
Првите три репрезентации од двете групи продолжуваат во втората фаза, додека за Црна Гора и Хрватска евро-шампионатот заврши.
Денеска се играат првите натпревари од втората фаза. Двојките за 1.коло во група 1 се:
Србија – Германија (16:15 часот),
Шведска – Холандија (18:30 часот) и
Шпанија – Франција (20:45 часот).
Табела: Шведска 3 бода, Србија 3, Германија 2, Франција 2, Холандија 2, Шпанија 0.