Заврши отворено првенство на Македонија во одбојка на песок

Од:

Со одигрувањето на финалите натпревари во машка и женска кај професионалците, вчера заврши осмото отворено првенство на Македонија во одбојка на песок „Охрид 2014’’.

Завршницата на годинашното издание не „Бич-волеј Охрид 2014’’ практично беше реприза на првиот турнир, кој пред осум години се одржа во Охрид 2006 година, па како и тогаш и овој пат шампионите се исти.

Кај дамите, најдобри беа Софка Камиловска и Сандра Георгиевска кои во финалето славеа победа против Уна Карановиќ и Бранислава Тасевска. Третото место им припадна на младите Ана Павлоска и Мартина Исајлоска.

На машкиот дел од турнир најдобри беа браќата Јовица и Дејан Симовски кои во финалето беа подобри од Деан Стојанов и Тони Мојсовски. Третото место го освоија ланските победници Валон Никчи и Газменд Хусај од Косово.

Победниците од Охрид ќе поделат награден фонд од две илјади евра.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ