Заврши групната фаза во ракометната Лига на шампиони

Од:

Ракометарите на ПСЖ со победата над Флензбург (35:32) во дуелот од последното 14.то коло, го потврдија првото место во групата А и заедно со Барселона (првопласирана во Б групата) ќе играат директно во четвртфиналето.

Македонскиот шампион Вардар е трет во Б групата и во осминафиналето ќе игра против Висла.

Во осминафиналето ќе играат и Мотор и Мешков Брест, кои беа поуспешни во баражите од Ла Риоха односно Скјерн.

Резултати на дуелите од 14.коло.

Група А: ПСЖ – Флензбург 35:32, Цеље – Бешикташ 43:29, Веспрем – Висла 27:25 и Кил – ППД Загреб 31:29.
Табела: ПСЖ 24 бодови, Веспрем 23, Флензбург 20, Кил 17, Загреб 11, Висла 8, Цеље 7, Бешикташ 2.

Група Б: Вардар – Монпеље 34:26, Барселона – Рајн Некар Ловен 26:20, Колдинг – Кристијанштад 21:30 и Киелце – ПИК Сегед 27:26.
Табела: Барселона 23, Киелце 21, Вардар 18, Рајн Некар Ловен 17, ПИК Сегед 15, Монпеље 7, Кристијанштат 7, Колдинг 4.

Во осминафиналето двојките се:
Мотор – Веспрем,
Мешков Брест – Киелце,
Монпеље – Флензбург,
Висла – Вардар,
ПИК Сегед – Кил и
ППД Загреб – Рајн Некар Ловен.

Првите натпревари треба да се играат во терминот од 16 до 20 март, а реваншите од 23 до 27 март.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ