Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Маврово ќе го затвори 55-от „Мавровски меморијал“.
Овој скијачки куп во нордиско трчање се одржува по 55 пат и се вбројува меѓу најстарите и најважните во Европа. На него се натпреваруваат репрезентации од земјите од регионот и од Европа.
„Мавровскиот меморијал“ се одржува во чест на загинатите 38 градители на хидро системот „Маврово“ и 18 спасувачи, во снежна лавина во 1956 година.
Министерството за одбрана на Република Македонија оваа година е покровител на скијачкиот куп.