Познатиот бразилски фудбалер Дани Алвеш моментално минува низ многу лош период во животот, бидејќи е зад решетки поради обвинување за силување.
Најодликуваниот фудбалер во историјата беше обвинет од жена дека ја нападнал во ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година. Судијата одлучи дека засега нема да смее да плати кауција, па најверојатно ќе биде зад решетки до крајот на судењето.
Тоа не го спречи Алвеш да започне сопствен бизнис во затвор, што му овозможува да заработува и додека е лишен од слобода, пренесува шпанска „Марка“.
Имено, секој што сака може да добие потпишан дрес од Алвеш, но сепак, таа услуга ќе мора да ја плати. Некои потписи се плаќаат со пари, некои со кутија цигари или други различни производи кои се дозволени во затворот.