ВИДЕО: Запознајте го SEAT Tarraco – новиот член на SEAT семејството

Од:

SEAT Tarraco е третиот, но и најголем SUV на познатиот шпански производител кој што се придружува на фамилијата која што ја сочинуваат Arona и Ateca.

Големиот SUV нуди голема флексибилност на купувачите со опција за 5 и 7 седишта. Tarraco е првиот модел кој што го отркива дизајнот на SEAT за следните години.

Tarraco го доби своето име од медитеранскиот град Tarragona, и во хиерархијата на SEAT е на самиот врв на SUV гамата, над помалите браќа, Ateca и Arona.

Тој е развиен на истата MQB платформа како и Ateca, но Tarraco е поголем во должина и висина.

Продажбата на новиот Tarraco ќе започне на почетокот на следната година, а новиот SUV на SEAT ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Wolfsburg, Германија.

Дизајнот претставува еволуција на дизајнерскиот јазик на SEAT – аглестите предни светла се поставени околу хексагонална маска на ладилникот која најавува во која насока ќе се движи дизајнот на SEAT во следните неколку години.

Профилот пак е чист – без непотребни линии и форми, додека задниот дел јасно кажува дека се работи за SEAT, но со малку поинакви линии и детали.

Внатрешноста на овој модерен SUV е модерна и едноставна. Прво што паѓа во очи е дизајнот во однос на другите модели на SEAT.

Централно е поставен големиот, 8-инчен мултимедијален уред, а пред возачот се наоѓа 10.25 инчен дигитален панел со инструменти.

Меѓу другото, Tarraco добива и DCC систем за динамична контрола на суспензијата, системи за следење на коловозната лента, систем за препознавање пешаци и велосипедисти, следење на слепата точка и уште многу, многу повеќе.

Гамата на мотори ја сочинуваат два бензински и два дизел мотори, сите со турбополнење.

Основен мотор во понудата е 1.5-литарскиот TSI турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили и се комбинира со шест-степен мануелен менувач и погон на предните тркала.

Над него е 2-литарскиот TSI со 190 коњски сили кој може да се добие со седум-брзински DSG менувач и 4Drive погон на сите четири тркала.

Дизел варијантата пак доаѓа со турбодизел опцијата, а тука е добро-познатиот 2.0 TDI со 150 или 190 коњски сили. Послабата верзија може да се добие со мануелен менувач и погон на предните тркала, или пак автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Помоќниот турбодизел е достапен само со автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

ПР објава

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on