Запленета комплетната документација на Блатер!

Од:

Швајцарската полиција ги запленила од ФИФА техничките податоци како дел од истрагата која треба да утврди како Русија и Катар ги добиле Мундијалите во 2018 и 2022 година. ФИФА, во средата, ги прифати барањата на швајцарските власти, пто го потврди и државниот обвинител.

„ФИФА ги предаде бараните податоци и државниот обвинител покрена кривична постапка против непознати лица“, стои во соопштението.

Претходно BBC објави дека техничките податоци биле земени од кабинетот на претседателот на ФИФА во заминување Сеп Блатер и од кабинетот на генералниот секретар Жером Влаке.

Минатиот месецшвајцарските власти објавија дека истражуваат наводни неправилности околу доделувањето на Мундијалите во 2018 и 2022, а во исто време американските власти објавија дека 14 лица се вмешани во корупциски скандал во ФИФА.

Во понеделникот ФИФА соопшти дека не постои легален процес според кој на Русија и Катар би им била одземена организацијата на Мундијалите во 2018 и 2022 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи