Загреб го разреши Вујовиќ од тренерската функција

Од:

Управата на хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб денеска го отпушти тренерот Веселин Вујовиќ.

Отказот на тренерската позиција за црногорскиот стручњак по четирите порази во серија во Лигата на шампионите.

Вујовиќ е поранешен тренер на Вардар, а токму македонскиот првак е противник на загрепчани во следната рунда од елитното натпреварување.

На следниот дуел од СЕХА лигата закажан за утре против Татран Прешов, ППД Загреб ќе биде предводен од Божидар Јовиќ, а неизвесно е дали тој ќе остане на тренерското место и за средбата со Вардар или раководството до следниот викенд ќе назначи нов тренер.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ