Женските ракометни репрезентации на Македонија во младинските категории од 6 јули (четврток) ќе одржат заеднички подготовки во Маврово.
Селекторите Борче Марковски и Јулијана Дамчевска повикаа 19, односно 18 ракометарки.
Дамчевска ја подготвува кадетската репрезентација (до 17 години) за настапот на ЕХФ шампионатот што од 31 јули до 6 август ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Марковски ќе работи со младинките (до 19 години) кои ќе се натпреваруваат на Европското првенство во Цеље, Словенија во периодот од 27 јули до 6 август.
На ЕХФ Шампионатот што ќе се игра во Скопје за ракометарки до 17 години, Македонија се наоѓа во група со Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови. Најдобропласираната репрезентација во групата ќе обезбеди место во финалето.
На Европското Првенство до 19 години во Словенија, Македонија за противници во групата ќе ги има исклучително квалитетните Норвешка, Хрватска и Русија.