Голем број на фудбалски екипи од Белгија и од Холандија се согласни во иднина да се натпреваруваат во заедничка лига со цел зголемување на квалитетот и атрактивноста на натпреварите.
Новата лига би била поконкурентна на најквалитетните пет првенства кои се играат во Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција.
Зелено светло за пристапување во таквата лига веќе дале Ајакс, ПСВ Ајндховен (Холандија), како и Андерлехт и Бриж (Белгија).
Како почеток на заедничкото натпреварување на белгиските и холандските клубови, во медиумите во Белгија и Холандија се посочува 2015 година.
Сепак во овие две земји и такви кои не го поддржуваат овој проект, а најгласи се од таборот на Стандард Лиеж (Белгија) кои се заканија дека во случај да успее обединувањето на двете лиги, клубот нема да настапува во тоа натпреварување, туку ќе бара прием во француската Лига 1.