Задар му го нанесе седмиот пораз на Партизан оваа сезона во АБА лигата

Од:

Кошаркарите на Задар забележаа победа над Партизан во последниот дуел од 10. коло на АБА лига. За најтрофејниот клуб во регионалната лига ова беше дури седми пораз оваа сезона, а Задар синоќа стигна до петтиот триумф по што се искачи во горната половина на табелата.

Партизан падна на претпоследното место со ист број бодови како последно пласираната Сутјеска.

Резултати од 10.коло:

Задар – Партизан 65:61,
Крка – Сутјеска 58:66,
Мега Цибона 76:72,
Будуќност – МЗТ Скопје 65:55,
Црвена звезда – Игокеа 81:87,
Цедевита – Олимпија 82:58 и
Тајфун – Металац 76:63.

На табелата води Будуќност со 18 бодови, па следуваат Црвена звезда, Цедевита и Мега Лекс со по 17 бода. Игокеа, Задар и Крка имаат по 15, со 14 освоени бодови се Мзт Скопје Аеродром, Унион Олимпија, Цибона, Тајфун и Металац, а по 13 имаат Партизан и Сутјеска.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он