Заборски го објави списокот на каратисти кои ќе настапат на ЕП во Будимпешта

Од:

Селекторот на македонската карате репрезентација Бошко Заборски го објави списокот на каратисти кои ќа настапат на осмото Европско универзитетско првенство во Будимпешта, што ќе трае од 18 до 21 јули.

Во главниот унгарски град во дисциплината борби во поединечна и екипна конкуренција ќе настапат: Наташа Стефановска, Моника Стефановска, Симон Антиќ, Спасо Илиевски, Борјан Стојановски, Мартин Несторовски, Иво Цветковски, Никола Иловски, Јордан Неделков, Ико Ташев, Наталина Синдилиева, Елена Трајковска, Ивана Ангеловска и Дино Шкоф.

Македонските каратисти пред настапот во Будимпешта одржаа заеднички десетдневни подготовки со Црна Гора во Суто Море.

– Задоволен сум од подготвеноста на нашите каратисти. Одржавме дваесетина заеднички тренинзи на кои претежно се тренираа специфично тактичко-технички елементи од спортската борба со акцентирање на изработка и подобрување на специјалните техники со кои каратистите треба да поентираат на европското првенство. Ние традиционално скоро секогаш имаме добри настапи на овие првенства и секако дека и во Будимпешта ќе се обидеме да оставиме добар впечаток и да освоиме медали, истакна Заборски.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје