Наследникот на Lamborghini Gallardo, се појави на интернет.
Деталите на автомобилот се тешко видливи бидејќи е прекриен со камуфлажа, но може да се види новиот облик на каросеријата со пофлуидни линии и големите отвори за воздух во предниот браник.
Централно во шасијата ќе работи модернизирана верзија на 5.2 литарскиот V10 кој ќе биде навиен на околу 600 КС. Погонот ќе биде на четири тркала преку менувач со две спојки и седум степени на пренос од Aventador.
Конструкцијата ќе биде од карбон-фибер и алуминиум и ќе ја намали тежината на супер автомобилот на околу 1.500 kg. Специјалните верзии кои ќе се нудат само со погон назад ќе имаат дури и пониска тежина.
Концептот на новиот Gallardo, кој најверојатно ќе го носи името на уште еден бик Cabera ќе се појави на салонот во Франкфурт, додека сериската верзија би била претставена следната 2014 година.