За само девет минути распродадени билетите за мечот Федерер – Надал

Од:

Пред утрешниот хуманитарен меч Роџер Федерер – Рафаел Надал што ќе се игра во Кејптаун, билетите се распродадени за само девет минути.

– Ова докажува колку е популарен тенисот во Јужна Африка. Во детството секоја година поминував по два месеца во оваа земја. Ние секогаш ги поминувавме тука летните одмори. Посетивме роднини, одевме во Националниот парк Кругер. Затоа се чувствувам поврзан со оваа земја, изјави Федерер.

Третиот светски рекет е возбуден што во Кејптаун ќе има можност да се сретне со луѓе што не ги видел долго време.

– Организиравме голема дружба. За мене не е важно само да играм, а потоа повторно да заминам. И знам дека тоа многу им значи на моите родители, рече Федерер чија мајка е родена во Јужна Африка.

Средствата од продадените билети се наменети за децата од „Црниот континет“.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ