За првпат пливачки маратон на езерото Младост крај Велес

Од:

На велешкото езеро „Младост“ годинава ќе се одржи првиот Велешки пливачки маратон. Трката е е планирана за 17 август со почеток во 10 часот.

Како што информира Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес, на „Велешки пливачки маратон 2014“ ќе бидат запазени сите пропозиции за одржување на манифестација од ваков вид. Пливањето ќе биде во круг по претходно обележана патека. Еден круг изнесува 2,5 километри. Предвидени се натпревари во три категории: на 2,5 километри, на 5 километри и олимписка дисциплина 10 километри во машка и женска конкуренција.

– Учесници на натпреварувањето можат да бидат сите пливачи од Македонија, организирани во клубови или надвор од нив. Пријавувањето на кандидатите се врши на веб-страната на ЈПУЗПП „Јасен” www.jasen.com.mk и на веб-страната на Пливачката федерација на Република Македонија www.pfm.org.mk, информира Мајсторов.

Пливачкиот маратон го организираат ОО Црвен крст Велес – Безбедност на вода и Кајак клубот „Бабуна” од Велес, а под покровителство на Општина Велес и Пливачката федерација на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес

Катерина Ѓуровски

Мртов маж е пронајден во возило од градскиот превоз во Велес

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски