Додека многу љубители на „Порше“ и натаму не можат да му простат на германскиот производител што го направи моделот „Панамера“, некои на овој модел му најдоа нова намена.
Дека погребните возила не мора да бидат смртно сериозни, покажуваат фотографиите на доработената „Панамера“ снимени во Италија.
Станува збор веројатно за најнеобичната модификација на „Порше“ што досега сме ја виделе, а претпоставка е дека идејниот татко на ова погребно возило на ум ги имал покојниците кои за време на животот биле големи вљубеници во спортските автомобили.