Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Од:

Американскиот автомобилски концерн „Ford“ се откажа од градењето фабрика во вредност од 1,6 милијарди долари во Мексико и наместо тоа одлучи да го прошири производството во својата фабрика во Мичиген.

Според соопштението од вторникот на „Ford Motor Сompany“, производителот на мексиканската сојузна држава Сан Луис Потоси ќе ѝ исплати компензација за откажувањето на инвестицијата. Наместо тоа, американскиот гигант ќе потроши 700 милиони долари на проширување на фабриката во Флет Рок, во секторот на производство на електрични автомобили.

Директорот на „Ford“, Марк Фиелдс, изјави дека ваквата одлука делумно ја донеле поради падот на продажбата на помалите автомобили, а делумно како „израз на доверба“ во политиката на избраниот американски претседател Доналд Трамп.

Трамп претходно го критикуваше „Ford“, како и неговиот конкурент „General Motors“, поради производството на некои модели возила во Мексико.

Тоа не значи дека „Ford“ се повлекува од Мексико, туку дека производството на моделот „фокус“ ќе го префрли во постојната фабрика во Хермосил за да ја зголеми нејзината профитабилност. Сегашната верзија на овој автомобил се произведува во фабриката во Вејни, во сојузната држава Мичиген. Таму ќе се префрли производството на нови два модела, со што ќе се задржат 3.500 работни места.

Претходно во вторникот Трамп на Twitter го критикуваше „General Motors“ поради производството на автомобили во Мексико, што му овозможува да не плаќа царини во САД.

„General Motors без плаќање на царина ги испраќа моделите ‘шеви круз’ од Мексико во САД. Правете ги во САД или платете царина!“, порача Трамп.

Автомобилите произведени во Мексико можат без царина да се увезуваат во САД благодарејќи на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA), еден до договорите кои Трамп ги напаѓаше во текот на својата претседателска кампања, бидејќи доведува до губење работни места во САД.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ

Германскиот гигант „Мерцедес“ ќе вложи десет милијарди евра во електроавтомобили

Емир Латифовиќ