За младите на Олимпијадата немало пари, ама имало за ПР агенции на власта, обвинува СДСМ

Од:

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност. Ниту основни услови за младите спортисти актуелната власта не успеа да обезбеди со катастрофалната организација .Најгордата влада немаше пари за соодветно сместување со клима уреди, немаше за соодветна храна и доволно вода, немаше пари за соодветен превоз.Но коге е ПР во прашање мора да има пари, за фирмите кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, рече Јовица Јанковиќ од СДСМ.

– Сопственикот на агенцијата ИДЕА Лаб, и дел од вработените, го добиле бизнисот за ПР за олимпијадата во различни сегменти, меѓу кои маркетинг и менаџмент на социјалните медиуми. Како е можно да има пари за ПР и маркетинг а да нема за основни услови на блам олимпијадата? Можно е. Сопственикот на ИДЕА Лаб, Димитар Атанасовски, е близок до власта. На неговиот профил може да се видат тон слики со Борко Ристовски, Игор Јанушев, Орце Ѓорѓиевски, Владимир Нелоски и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Дали близната со Борко Ристовски или шефот на кабинет на Мицкоски била пресудна за токму оваа фирма да биде ангажирана, праша Јанковиќ .

Тој вели и дека во изминатиот период оваа агенција добива пари и од многу државни институции и општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ но и нивните коалициски партнери.

– Околу 50 илјади евра, пари на граѓаните, редовно се слеваат во оваа агенција. На пример, од Минстерството за образование добиле 8.000 евра, од Министерството за односи со заедниците над 24.000 евра, од Министерството за локална самоуправа 16.000 евра итн. Бараме сите договори јавно да бидат објавени да види народот за што се трошат парите. Во чии џебови завршуваат парите на граѓаните. А Борко Ристовски, најмалку што може да направи е да си поднесе оставка, порача Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166

(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски