За Меџик Џонсон доаѓањето на Леброн Џејмс е голем чекор кон трофејот

Од:

Спортскиот директор на Лос Анџелес Лејкерс, Ирвин Меџик Џонсон, смета дека доаѓањето на Леброн Џејмс е голем чекор и го враќа клубот во борбата за трофеите.

Џејмс од синоќа и официјално е играч на Лос Анџелес, откако потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари.

– Леброн е посебен. Тој е најдобар играч во светот. Сака да се натпреварува и е вистински лидер… Освен што сака да победува, тој се грижи и останатите играчи добро да изгледаат на терен. Кошаркарите на Лејкерс треба да бидат возбудени што ќе имаат соиграч, кој девет пати играл во финалето, Ова е голем чекор кон враќањето на нашиот тим во борбата за трофеите, истакна Меџик Џонсон.

Леброн Џејмс минатата сезона во редовниот дел од натпреварувањето имаше учинок од 27,5 поени, 8,6 скокови и 9,1 асистенција, додека во плеј-офот забележа просек од 34 поени, 9,1 скок и 9 асистенции по натпревар.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот