Младите каратисти од карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци, викендов на меѓународниот натпревар „Никола Грдановски – Нике“, кој се одржа во во Спортската сала Автокоманда во Скопје, освоија 29 медали.
На натпреварот учествуваа 360 натпреварувачи од 37 клубови од Македонија и Бугарија.
– Со освоените медали, 10 златни, 10 сребрени и 9 бронзени, се пласиравме на првото место од 37 клубови. Покрај пласманот на првото место по број на освоени медали, КК „Урбан Инвест” доби пехар за најбројна екипа на натпреварот, соопштија од КК„Урбан инвест”.
Со по освоени три златни медали во своите категории за најуспешни на натпреварот беа прогласени Петар Аврамов во категоријата пионери и помлади кадети и Владанка Аврамова во категоријата кадети, јуниори и сениори.