Единаесетгодишниот Вукашин Јовановиќ, член на карате клубот Шампион од Крива Паланка постигна извонреден успех на Балканско карате првенство за деца од 10 до 13 години кое се одржа во Истанбул, Турција.
Тренерите Жарко Ангеловски и Стевче Христовски велат дека Јовановиќ е момче со одличен спортски потенцијал.
– Исклучително сум горд на ова момче кое допрва ќе ја испишува спортската историја на нашиот град и држава. Со само 11 години ова му е втор настап на Балкански натпревари, прв за Карате репрезентацијата на Македонија и особено не радува што е со висок резултат. Јовановиќ ги мина борбите во прво коло со Морина, натпреварувачот од Косово, кого го победи со резултат 8:0, второ коло 1:0 против Палевиќ од Босна и Херцеговина, во полуфинале се сретна со Црногорецот Војиновиќ кого го порази со 2:1, а во финале изгуби 5:0 од репрезентативец на Црна Гора. Со резултатот кој го достигна се закити со сребро во категорија – 35 килограми, информира тренерот Ангеловски.
Според него успехот е уште по значаен поради фактот што е остварен во најбројната и по конкуренција најсилна категорија. Инаку, младиот Вукашин Јовановиќ досега покрај број и медали од маѓународни и државни натпревари бил ас на Валканско првенство, а е државен првак во својата категорија.
Балканско карате првенство за деца од 10 до 13 години се одржа во Истанбул, Турција од 19 до 21 мај.