Вујовиќ за првпат против Вардар

Од:

Во СРЦ „Кале“ во Скопје вечерва со почеток од 20 часот и 15 минути ќе се одигра еден од дерби дуелите во СЕХА лигата на досегашните шампиони во ова натпреварување Вардар и ППД Загреб.

Овој натпревар е важен за двата тима кои имаат повторно амбиции да бидат дел од завршниот турнир, па затоа победата е императив кај двата тима. Посебен белег се очекува да биде гостувањето на тренерот на хрватскиот шампион Веселин Вујовиќ, кој е поранешен тренер на Вардар.

Во изјава за официјалната веб страница на регоналното натпреварување Вујовиќ го потенцира посебниот однос со вардаровите навивачи.

– Ова ќе биде натпревар со многу емоции за мене поради мојот однос со навивачите на Вардар, за кои сметам дека ќе направат одлична атмосфера. Ние во неделата постигнавме голема победа во Лигата на шампионите над Кил, но според мое мислење на дуелот со Вардар шансите се 50-50 за победа и верувам во добар настап на мојата екипа, истакна Вујовиќ.

Во досегашниот дел од лигата Вардар има 12 бода и четири победи на пет натпревари, додека ППД Загреб има 9 бодови од четири натпревари и еден пораз. На чело на табелата во СЕХА лигата е Веспрем со максимални 18 бодови. Вториот македонски тим Металург со 6 бодови се наоѓа во средина на табелата.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир