Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите го пречекува германскиот претставник Кил.
Тренерот Лино Червар ги соопшти имињата на играчите кои ќе бидат во комбинација за настап против силниот противник. Се очекува за првпат сезонава во тимот од Автокоманда да заигра Ренато Вугринец кој поради повреда не настапи во првите три кола.
Червар на располагање ќе ги има: Митревски, Коциќ, Манасков, Ојлески, Џукиќ, Георгиевски, Марсениќ, Димовски, Мојсовски, Миркуловски, В.Маркоски, Јоновски, Вугринец, Атман, Борозан и Циндриќ.
Натпреварот Металург – Кил ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 21 часот.
Правдата ќе ја делат унгарските судии Петер Хорват и Балаш Мартот.