Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги прими српските кошаркари на Претседателството по освоеното сребро на Светското првенство.

Селекторот Светислав Пешиќ во своето обраќање за време на приемот истакна дека на играчите освен што играат за Србија, играат и за навивачите, не им треба друга мотивација. Тој додаде дека државата треба да продолжи со својата поддршка како и досега и тоа ќе биде доволно.

На ова се надоврза и претседателот Вучиќ кој го повтори она што веќе им го кажа на одбојкарите. Имено, секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз, од Олимписките игри.

– Во Париз чекаме злато, не сребро туку злато. Гледам дека Леброн Џејмс го собира најсилниот тим, еве шанса да ги победиме. Сите наши обврски ги исполнуваме навремено. Им благодарам на сите членови на тимот, семејствата, луѓето во алијансата, да ви честитаат и да ви се заблагодарат и да ви кажат дека цела Србија ве сака. До злато во Париз! – заклучи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Вучиќ: Ги повикувам Србите од Косово да излезат на избори и да гласаат за Српската листа