Словенката Тина Мазе го освои златниот медал во дисциплината суперкомбинација на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во САД.
За Мазе ова беше второ злато во Бивер Крик и вкупно трет медал (има и еден сребрен).
Словенечката скијачка беше најбрза во спустот, а предноста од првата трка успеа да ја зачува во техничката дисциплина – слаломот и на крајот со време 2:33.37 минути да триумфира пред две Австријки.
Сребрениот медал отиде кај Никол Хосп со 22 стотинки заостанување, а трета беше Михаела Кирхгасер која 35 стотинки беше побавна од победничката.
Домашната публика беше разочарана, откако миленичката Линдзи Вон направи грешка и не го заврши слаломот.