Второ место за РК Вардар на турнирот во Белорусија

Од:

Ракометарите на Вардарв го освоија второто место на турнирот „Белгазпромбанк” во Брест, Белорусија. Тие во решавачкиот натпревар од третото коло загубија домаќинот Мешков Брест со 29:26 со што го освоија второто место во конкуренција уште на екипите на Сесон и на Висла Плоцк.

Почетокот на натпреварот беше со израмнети сили, се до 8:8 по што Вардар поведе со 10:8. Тогаш се случи лош период во играта на македонскиот шампион, па Мешков тоа го искористи да поведе со 14:9, резултат со кој се замина на полувреме. Страхиња Милиќ имаше одлично прво полувреме во кое одбрани вкупно 13 топки, од што и три пенали.
Во второто полувреме Вардар ја намали разликата на „минус 2″ (18-16), но Мешков повторно се врати на „стандардните“ 3-4 гола разлика. Во 51. минута Мешков водеше со 26:20, а во 55 минута со 28:22 со што победникот беше решен.

За освоеното второ место вардарци добија награда од 3.000 евра од организаторот, а Вуко Борозан беше прогласен за најдобар играч во редовите на Вардар на овој меч.
На 30 август Мешков гостува во Скопје во рамките од СЕХА Газпром лигата.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ