Втора сезона од зимската баскет 3×3 лига

Од:

По ланската успешна премиерна сезона, викендов во организација на Кошаркарската федерација и „3×3 Macedonia“ стартува второто издание на зимската баскет лига.

Форматот на натпреварување останува ист како и минатата година со четири квалификациски турнири, од кој првиот е закажан за в недела со почеток точно напладне во скопскиот СРЦ Кале.

Вкупно 12 екипи ќе означат почеток на втората сезона на зимската 3×3 лига, а секој квалификациски турнир ќе има награден фонд од 200 евра за првопласираната и 100 евра за второпласираната екипа.

Наградниот фонд за финалниот турнир е десеткратно поголем од лани и изнесува 2.000 евра за шампионот, 1.000 евра за второпласираната екипа, како и 500 евра парична награда за третопласираната екипа.

Би можело да ве интересира

Евролигата ги објави кандидатите за МВП титулата: Реал има еден претставник

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Утре втор турнир во зимската „3×3“ баскет лига

Ана Ололовска

Утре почнува зимската „3×3“ баскет лига

Ана Ололовска

Во Кисела Вода се одржа турнир во Баскет 3×3

Ана Ололовска

Србија европски шампион во баскет 3х3

Ана Ололовска