Втора победа за македонските одбојкари против Израел

Од:

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа втората победа оваа сезона во Европската лига. Попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ уште еднаш беше совладан Израел и исто како и вчера со убедлив резултат од 3-0.

Избраниците на селекторот Жарко Ристоски со најголем отпор од гостите се соочија во првиот сет кој заврши со 29:27, а потоа беше полесно кога противникот беше сопрен на 20, односно 19 поени (25:20 и 25:19).

На Македонија и претстојат уште четири натпревари на домашен терен (по два со Австрија и Данска), пред двете гостувања во Полска.
Амбициите на нашите одбојкари се четири домашни победи со максимални осум бодови, па со некој бод од Полска да се обезбеди полуфинале во Европската лига, што би значело повторување на ланскиот успех.

Табела: Естонија 12 бодови (4 натпревари), Полска 10 (6), Австрија 8 (4), Македонија 6 (4), Данска 3 (4) и Израел 3 (6).

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба