Одбојкарската репрезентација на Македонија по вторпат славеше победа над Данска, а воедно забележа четврти триумф во исто толку настапи од Европската лига дивизија Б.
Попладнево во Стумица за еден час и петнаесетина минути игра „црвено-жолтите“ победија убедливо со 3-0 во сетови – 25:15; 25:20 и 25:22.
Во Б групата уште играат и Турција, Словенија и Австрија против која Македонија ги забележа првите две победи.
Во тек е дуелот Турција – Австрија.
Македонија води со 11 бодови од четири средби, пред Словенија која има максимални шест бода од два натпревара. Следуваат Данска 1 бод (4 натпревари), Турција 0 (0) и Австрија 0 (2).