Втора победа за Лоренцо

Од:

Возачот на Јамаха Хорхе Лоренцо победи на петта трка во Мото ГП класата од шампионатот што се возеше за Големата награда на Франција. Ова за него беше втора победа по ред, а вкупно 56.та во кариерата или 35.та во Мото ГП класата.

Второто место му припадна на Валентино Роси, додека третата позиција ја освои Андреа Довичиозо. Актуелниот шампион Марк Маркес трката ја заврши на четвртото место.

Победникот на денешната трка Лоренцо водството го имаше од самиот старт на трката.

Роси остана лидер во генералниот пласман со 102 бода, а следат Лоренцо со 87 и Довичиозо со 83.

Следната трка се вози на патеката Мугело на 31.мај за Големата награда на Италија.

Би можело да ве интересира

Бузалковски ја одбрани титулата на БМУ Европски шампионат

Ана Ололовска

Бастијанини од следната сезона во Дукати

Бузалковски БМУ Европски шампион за 2021

Ана Ололовска

Валентино Роси најави пензионирање

Над велешко езеро „Младост“ ќе стартува првата трка од Ендуро шампионатот за 2021

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски