Втора фаза од подготовките на македонската одбојкарска репрезентација

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација дваесетина дена се наоѓа во тренажен процес за настапите во Европската лига. Лани во ова натпреварување Македонија играше во полуфиналето (загуби од Црна Гора). Избраниците на селекторот Жарко Ристоски по првата фаза и седумдневните подготовки во Маврово, сега тренира во Скопје.

– Во втората фаза се работи на тактичко-техничка подготовка. Играчите се максимално ангажирани, добро се работи. Но, во третата фаза се соочуваме и со проблем бидејќи немаме адекватен противник. Сите репрезентации што не опкружуваат имаат настапи во Светската лига. Очекувам потврден одговор деновиве и да имаме можност да одиграме неколку натпревари, изјави селекторот Жарко Ристоски.

Оваа сезона Македонија е во групата А заедно со Полска (светски првак), Естонија, Израел, Данска и Австрија.

– Групата е потешка од лани. Полска е светски шампион и со кој било состав да игра е фаворит. Истото важи и за Естонија, која пред десетина дена се пласира на Европското првенство. Токму против овие две селекции и ќе играме на гости. Нашата шанса е тоа што против другите три репрезентации играме дома (се играат по два натпревара). Со победи на домашните шест натпревари можеме да освоиме доволен број бодови за да го повториме ланскиот резултат.

Македонија во првото коло е слободна, а првите два дуела ги игра на гости против Естонија (10 и 11 јули), потоа следуваат дуелите на домашен терен (СЦ „Борис Трајковски“): Израел (18 и 19 јули); Данска (25 и 26 јули); Австрија (31 јули и 1.август) и во последното коло е гостувањето кај Полска (7 и 8 август).

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба