Македонската ракометна репрезентација синоќа загуби од селекцијата на Словенија и во вториот бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2019 во Јапонија.
На дуелот одигран во Целје, Словенките беа убедливи и победија со 38:27, наметнувајќи уште од самиот почеток силно темпо кое по само десет минути им донесе три голови голови предност, а по 20 минути игра и да стигнат од максимални шест во првото полувреме.
Во второто полувреме Словенија повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше и во 38 минути имаше двоцифрена предност.
За репрезентацијата на Северна Македонија најефикасна ракометарка беше Елена Ливриниќ со шест погодоци, Сара Ристовска и Јована Саздовска постигнаа по пет погодоци, додека за репрезентацијата на Словенија листата на стрелци ја предводеше Тамара Мавсар со осум погодоци.