Македонската машка кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство, откако вечерва загуби на гостувањето во Киев од Украина со 61:78 (14:17, 16:17, 13:19, 14:29) во рамки на второто коло во групата Г.
Со цврста игра во одбраната македонските кошаркари целосно го контролираа првиот дел во кој во два наврати водеа и со осум поени разлика, а на полувреме заминаа со водство од 34:30.
Украинците ја решија во своја корист третата четвртина и влегоа со поен предност во завршните десет минути во кои нападот на домаќините максимално профункционира и со серија тројки на крајот забележаа и убедлива победа.
Најефикасен во македонските редови беше Бојан Крстевски со 14 поени.
Мундијалските квалификации продолжуваат на почетокот на идната година кога македонската репрезентација ја очекува двомеч со Грузија, на 24 февруари на гостински терен, а три денови подоцна е закажан реваншот во Скопје.