Втор параглајдинг куп во Гостивар

Од:

Со првите летови на параглајдеристите и во присуство на неколку стотини љубители на екстремните спортови, во близина на гостиварското село Чегране претпладнево почна второто издание на „Гостивар параглајдинг куп 2013″.

Во натпреварувачкиот дел денеска и утре своите вештини ќе настапат педесетина параглајдеристи од Македонија, Косово и од Албанија.

Синоќа, на отворањето на манифестацијата, организаторите од летачкиот клуб „Кондор“ од Гостивар напоменаа дека натпреварот има регионален карактер и е дел од шампионатот кој годинава се организира. Тие се надеваат на добри резултати со оглед дека временските услови се поволни.

Покрај натпреварите во дисциплината прецизно слетување, ќе има и ревијален дел во кој овие учесници ќе прикажат дел од своите вештини.

Полетувањата се од планината Сува Гора, во близина на селото Корито.

Би можело да ве интересира

Уапсен e насилник кој ја истепа својата 28-годишна сопруга

Горан Наумовски

Кривична за маж од Гостивар кој и се заканувал на сопругата

Маж од Гостивар и се заканувал на сопругата со моторна пила дека ќе ја повреди

Горан Наумовски

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента