Втор дуел од финалето во кошаркарскиот плеј-оф

Од:

Во македонската кошарка се игра финалната серија од плеј-офот, а вечерва во Гевгелија е натпреварот број 2. Од 19 часот во салата „26 Април“ Кожув ќе му биде домаќин на МЗТ Скопје Аеродром.

Моменталниот резултат е 1-0 во победи за МЗТ Скопје кој е бранител на титулата. Со евентуална победа „аеродромци“ ќе имаа значајно водство во трката прв до четири победи.

Во спротивно, гевгеличани ќе изедначат и ќе ја вратат неизвесноста во финалната пресметка.

Освен враќање на неизвесноста, предизвик за Кожув ќе биде и спречување на водството од 2-0 во победи за противникот, бидејќи од таква негатива ниеден клуб во разигрувањето за титулата во независна Македонија не успеал резултатски да се врати и на крајот да биде поуспешен од противникот.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он