ВТБ лигата прогласи крај на сезоната без шампион

Од:

Раководството на ВТБ кошаркарската лига прогласи предвремен крај на сезоната поради пандемијата на Ковид-19. Ова е епилог од вчерашниот состанок од кој челниците денеска излегоа и со уште една важна одлука дека нема шампион.

Многумина сметаат дека ваквиот расплет е голем удар на екипата на Химки која во моментот на прекин на лигата имаше три победи повеќе од ЦСКА Москва, беше лидер на табелата и очекуваше специјална покана од Евролигата за наредната сезона.

„Армејците“ и онака имаа „А“ лиценца за учество во Евролигата, но Химки се надева на награда за скорот од 18-1 во регионалното кошаркарско натпреварување во некомплетната 2019/20 сезона.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос