Шампионката од минатата година, Каролин Возњацки (Данска) постигна прв успех на ВТА шампионот во Сингапур со награден фонд од седум милиони долари.
Шампионката од Отвореното првенство на Австралија, оствари триумф во средба од вториот круг во „Белата група“ над Петра Квитова од Чешка со 7:5, 3:6, 6:2 по два часа и 19 минути игра.
Возњацки го освои првиот сет со брејк на крајот. Во вториот дел победничката на турнирот од 2011 година, Квитова двапати потроши брејк предност, но по 3:3 зеде три последователни гема за да израмни во сетови. Во третиот сет, Возњацки стигна до водство од 5:1 на патот до конечна победа.
На тој начин тенисерката од Данска ги сочува шансите да продолжи во полуфиналето, додека надежите на Квитова за продолжување се минимални откако ги загуби првите два натпревара.